ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска и Битиќи го одбележаа Светскиот ден на детето со отворање на објектот „Кокиче“ во состав на градинката „Весели цветови“ во Општина Кисела Вода

November 20, 2023 14:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска присуствуваа на отворањето на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови“ во Општина Кисела Вода.

-Доградбата на градинката обезбедува место во објектот за уште 56 деца. Градежните работи се инвестиција на Општина Кисела Вода, рече Тренчевска, истакнувајќи дека МТСП преку програмата за капитални инвестиции во детска заштита има инвестирано во набавка, испорака и монтажа на опрема во вредност од 1.377.671 денари, додавајќи дека се зајакнуваат заедничките напори помеѓу локалната самоуправа и централната власт за подобрување на образовната инфраструктура на намладите граґани.

Посочи дека до крајот на 2023 е предвидено да се отворат дополнителни капацитети, кои обезбедуваат грижа и образование за 529 деца.

-До крајот на 2024 година, нашата цел е да создадеме дополнителни 1.653 места и тоа во Гостивар, Прилеп, Велес, Арачиново, Кочани, Василево, Липково, Дебар, Могила, Гевгелија, Чаир, с. Ерџелија и Делчево. Ова се цврсти чекори кон градење посветла иднина за нашата заедница, негувајќи го потенцијалот на секое дете и поддржувајќи ги семејствата во нивната потрага по квалитетна грижа за децата, изјави Тренчевска.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во извјава за медиумите ги истакна досегашните достигнувања на Владата во однос на детската заштита со фокус на досегашните инвестиции во нови објекти.

-Од почетокот на мандатот на Владата во периодот од 2017-2023 година, отворени се вкупно 83 градинки или проширување на градинки низ целата држава, со кои е зголемен капацитетот на деца за околу 8.000 нови места. Во моментов од 80 општини колку што има низ цела држава, во 75 од нив имаме отворени градинки, а со новата градинка која ќе се отвори во Арачиново, оваа бројка ќе биде 76. Градинките не се само градежен проект, туку инвестиција во потенцијалот на секое дете. Инвестираме во секое дете, градиме едно општество за сите, рече Битиќи.

Tags: ГрадинкаЈованка ТренчевскаФатмир Битиќи
Next Post

Битиќи: Препораките од ММФ веќе се адресирани во новиот буџет и преку различните реформи

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk