ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Евтина провидна и договорена вмровска драма

November 21, 2023 11:54
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Дел од насловот е земен од партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое од белата палата на вмровците за инцидентот што го предизвика Левица во Собранието велат дека е, обрнете внимание – исцениран и на него гледаат како на „евтина провидна и договорена драма со ДУИ и СДСМ“.

Мицулињата знаат дека Левица е таа која им чепка во гласачкото тело од нивните телиња. Но, просто за неверување е како ги потценуваат нормалните гласачи и со очигледни марифети се обидуваат да ја залепат Левица за други партии, во обид да чепнат и кај неопределените.

А вмрото и левица ти е едно те исто – задртавен националистички ќорсокак и политичко слепо црево. Не може да ти се згади левица, ако не ти се повраќа од вмрото.

Опозициските пајташи – вмровските и левичарските десничари, си исценираат инциденти, а за тоа обвинуваат други. Веќе видено и којзнае колку пати повторено вмронско сценарио.

И ајде тоа, туку, уште и нè прават недоветни.

Што е следно?

Следно (кога сме веќе кај собранискиве инциденти) што може да ни сервираат, а веќе и сме го чуле, е дека Крвавиот четврток, тој насилен упад на 27 април на вмроните во Собранието и тепањето на пратеници од опозицијата и новинари е дело на Заев и Џафери. Ич да не ве чуди ако појача во тој правец забеганата тајфата од Мицкоски за да си спаси гола политичка кожичка.

Сè уште не им текнало да скуваат сценарио во кое ќе истакнат дека Данела Арсовска им била подметната од комуњарите, ама бидете спремни и за тоа. Ништо чудно да счукаат соопштение и дека Грујо и Мијалков се сдсмовска инсталација. Ништо не им е свето, нит човек, нит идеја, освен моменталниот ќар што можат да си го присвојат. Тоа историски го докажале.

Секој нормален што ја видел снимката од хулиганизмот на десните левичари крмчо и апашиевчо си помислил – дали е можно овие некој да ги гласа?

Е, кога сме кај гласањето, тука се поставуваат неколку „историски“ прашања, драги мои:

– Дали è (беше) можно некој да ги гласа вмровците после крвавиот 27 април?

– Дали е можно некој да ги гласа вмровците после лоповлукот и фрлените покрај Вардар милијарди евра на стиропор што се распаѓа?

– Дали е можно да остане некој при уши глув после тендерите што чувме како ги договарале за милионски провизии?

– Дали е можно некој да ги гласа после тефтер судството што го оставија во наследство од кое ќе ни требаат децении да се избавиме?

– Дали е можно да не допираат до гласачите: најцрните 11 години во новата македонска историја, наместените избори преку кои владееја на локално и државно ниво; опструкциите при гласање – закани, уцени, списоци со инспекции, намерното расипување лифтови, вонредни технички контроли на автобуси, исценирани сообраќајки на патишта, човечињата за уши што ги вадеа; на отворањето на гласачките вреќи; на тоа со хилта да им влезат на дуќанџиите; на ендеците за цели фамилии; на „а војна да направиме?!“…

Дали е можно да сме слепи на меѓуетничките тензии и немири што вмровците и нивните пајташи сега ги предизвикуваат, како што тоа го прават пред секоj изборeн циклус?

Во деновите и месеците што следат, ќе сме сведоци на секакви поттикнувања на етничка нетрпеливост, насилство, ништо чудно да почнат „тепачките во автобуси“, карти и знамиња со „големи држави“ веќе се случуваат; фингирани социјални немири и штрајкови со блокади; уште инциденти во собранието за сешто; медиумски хушкачи пуштени на најјако; аналитичари провокатори…

Ич да не се секирате, сè гадно што можете да помислите ќе се обидат да испровоцираат до избори.

Можете ли да најдете одговор на тоа, како е можно да не се воочуваат овие евтини провидни и договорени вмровски драми?


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЈане ЃорѓиоскиЛевицапајташи

НАЈНОВО

Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

June 4, 2025
Мира Мурати. Фото: Скриншот

Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

June 4, 2025

Нухиу: Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk