ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Клуге: Нема место за паника, само пет отсто од заболените од коронавирус се во критична состојба

– Ќе бидам директен, му се обраќам на прекрасниот народ на оваа земја – не постои причина за паника. Јас како специјалист за инфективни болести имам целосно разбирање за загриженоста на луѓето за нивното здравје и здравјето на нивните семејства. Вирусот е нов, затоа имаме сериозен пристап. Но, треба да запомниме – денеска има 81.000 случаи, од кои 97 отсто се во Кина, а останатите три надвор од Кина, во 47 земји, рече Клуге во интервјуто за МИА.

February 28, 2020 11:49
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Подготвеноста на властите во справувањето со коронавирусот е одлична. Им честитам на властите, бидејќи Северна Македонија направи проценка на капацитетите дали има доволно човечки ресурси и инфраструктура, дури и пред да се појави првиот случај на болеста. Ова во интервју за МИА го изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, кој е во посета на земјава.

Според него, Северна Македонија ги применува сите стандардни оперативни процедури на влезните точки, вклучително и на меѓународните аеродроми.

На прашањето на МИА дали има место за паника, и колкава е смртноста од коронавирусот во споредба со сезонскиот грип, Клухе вели дека нема причина за паника.

– Ќе бидам директен, му се обраќам на прекрасниот народ на оваа земја – не постои причина за паника. Јас како специјалист за инфективни болести имам целосно разбирање за загриженоста на луѓето за нивното здравје и здравјето на нивните семејства. Вирусот е нов, затоа имаме сериозен пристап. Но, треба да запомниме – денеска има 81.000 случаи, од кои 97 отсто се во Кина, а останатите три надвор од Кина, во 47 земји, рече Клуге во интервјуто за МИА.

Вели дека од пет пациенти, секој четврти или 80 отсто има благи симптоми и заздравуваат успешно, кај 15 отсто има посериозни симптоми, а само пет отсто се во критична состојба.

Вие сте на оваа позиција од 1 февруари овој месец и веќе се соочивте со голем предизвик – коронавирусот. Во Италија состојбата е критична, а во Северна Македонија, Грција и во Хрватска веќе се потврдени првите случаи на вирусот. Во речиси сите земји овде се примаат и проверуваат сомнителни случаи. Дали Европа е подготвенa за масовно ширење на вирусот?

– Светската здравствена организација работи со секоја од 53-те нејзини членки во целиот регион да бидат што е можно поподготвени. Имаме фокусни точки во секоја од тие земји кои работат постојано со цел да биде подготвен нивниот здравствен систем. Тоа значи тие да бидат способни да детектираат случаи, да ги третираат пациентите достоинствено и со емпатија, не сакаме да има социјална дискриминација и доколку има пренесување на вирусот, тој да биде запрен особено во здравствените установи. Заштитата на здравствените работници е врвен приоритет.

Во посета сте на Северна Македонија, Ваша оценка за подготвеноста на властите за справување со коронавирусот?

– Им честитам на властите во земјава искрено и објективно, особено на министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи Северна Македонија направи проценка на капацитетите и дали има доволно човечки ресурси и инфраструктура, дури и пред да се појави првиот случај на болеста.

Откако се појави коронавирусот во Италија, вашиот министер за здравство презеде иницијатива да воспостави мултисекторски тим за менаџирање со кризи под раководство на премиерот, да направат увид во справувањето со вирусот. Десет јавни здравствени центри се вклучени во земјата за превенција, има установи кои се подготвени да ги примат пациентите кај кои е потврдено присуство на вирусот, но и објекти во кои луѓето ќе бидат ставени во карантин, доколку биде потребно.

Доколку ситуацијата се влоши кај вас, тогаш ќе биде потребно да бидат ставени во функција дополнителни капацитети, за да одговорат на ситуацијата, особено доволен број човечки ресурси. Но до денес можеме да кажеме дека земјата ги следи препораките на СЗО.

Дали сметате дека мерките на проверка на патниците што се применуваат на границите се доволни да се спречи или контролира ширењето на коронавирусот, и дали сметате дека треба преземат построги мерки како што е затворање на границите, за да се спречи негово ширење?

– Како прво, Северна Македонија ги применува стандардните оперативни процедури на влезните точки вклучително меѓународните аеродроми, во согласност со препораките на СЗО. Имаше министерски состанок завчера во Рим, јас вчера тука дојдов директно од Рим каде имавме прес-конференција со италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза, со еврокомесарот за здравство и безбедност на храна и со директорот на Европскиот центар за контрола на болести. Имаше состанок на италијанскиот министер за здравство со претставници на соседните земји и беше одлучено да не се затвораат границите, нешто што СЗО го поддржува.

Земјите треба да бидат подготвени. Она што е важно е земји како Кина, каде има најголем број пријавени случаи, прават скрининзи на излез од државата. Во неколу земји, пациенти биле детектирани на влез на земјите. Но Северна Македонија ги применува стандардните оперативни мерки.

Next Post

„Рекет“ се одложи, не дојде сведокот Панделески

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk