ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ на средба со Сарацин и Франгеш: Силната поддршка од нашите партнери е гаранција за успешно изодување на патот кон ЕУ

November 22, 2023 14:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, и Анжеј Франгеш специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан, соопшти СЕП.

Фокусот на средбата беше посветен на реализацијата на евроинтеграцијата на Северна Македонија, со споделување на искуства и мислења за користење на бенефитите за планот за раст, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива на Западен Балкан.

– Заедничката детерминираност на Северна Македонија и државите од Западен Балкан за влез во ЕУ како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите кои ги вложуваме и овозможуваат успешно изодување на патот кон ЕУ, истакна Маричиќ.

На средбата е потврдено заедничкото пријателство и поддршката за напредокот кон ЕУ од двете пријателски земји, Словенија и Германија на Северна Македонија, се вели во соопштението.

Маричиќ заедно со специјалните пратеници оценија дека членството во ЕУ ќе биде извесно, а новиот План за раст, подадената рака од Европската Комисија треба што поскоро да се прифати и во целост искористи со цел реализирање на нашата стратешка цел за влез во ЕУ.

Двајцата специјални пратеници за Западен Балкан, Сарацин и Франгеш неспорно ја потврдија стратегијата на Европската Комисија за идното проширување, која презентира конкретна слика за реализација на вклучување на регионот на Западен Балкан во ЕУ и ја поддржаа нашата заложба за превземање на следните конкретни мерки во процесот на преговорите, реализација на реформите и овозможување на бенефитите за граѓаните преку Планот за раст за Западен Балкан.

Вицепремиерот ги потврди заложбите и посветеноста на Владата за натамошна успешна реализација за европската иднина на Северна Македонија.

За крај, Маричиќ се заблагодари на поддршката на Германија и Словенија кои се наши политички, економски партнери, и сојузници во исполнувањето на реформската агенда и на стратешките цели на патот кон ЕУ, наведуваат од СЕП.

Tags: МаричиќСарацинсредбаФрангеш
Next Post

Столтенберг: За Западниот Балкан е важно да ги избере дијалогот и дипломатијата пред конфликтот и војната

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk