Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл синоќа на мечот со Сан Антонио (120:132). Србинот средбата ја заврши со 39 поени, 11 скока и девет асистенции со пет загубени топки.
Двократниот МВП сезонава, со 39 поени го повтори најдобриот резултат во тековната сезона.
Јокиќ шутираше 17 од 29 од поле и 5 од 5 од линијата за слободни фрлања за 34 минути поминати на паркетот.
Денвер кој е актуелен шампион во НБА-лигата по 17 одиграни натпревари има 11 победи и се наоѓа на 4. место во Западната конференција.