ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во болничка изолација возачот на комбето со кое патуваше и заразената пациентка со коронавирус

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус

February 28, 2020 17:26
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус. Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека возачот сам се јавил и кажал дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

Посочи дека возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а пред неколку часа поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, е спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

– Земени се материјали за знализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба. Кога ќе стигнат резултатите ќе одлучиме каде ќе се лекува. Доколку резултатот е негативен ќе продолжи да се лекува во Инфективното одделение таму, не во изолација, а доколку е позитивен ќе се префрли во Инфективната клиника во Скопје, истакна Филипче.

Посочи дека состојбата на пациентката која има коронавирус и натаму е стабилна и е во изолација на Клиниката за инфективни болести.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека симптоми има само возачот кој денеска се јавил, а сите други кои се домашна изолација се во добра здравствена состојба.

– Вчера имавме интензивни средби со претставници на Комисијата за заразни болести кои излегоа со препораки, го информиравме и Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи. Денеска Владата го прифати предлогот кој произлезе од оваа институција и донесе заклучок на организаторите на јавни собири да им препорача да ги откажат до 6 март. Нема простор за паника, будно се следи ситуацијата од страна на експертите епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Во секој момент сме спремни одлуката се надгради, да се воведе нешто друго доколку треба и на истиот начин и за викедот ќе продолжиме да ја информираме јавноста за се што се случува, додаде Филипче.

Потенцира дека се откажуваат Струмичкиот карневал, карневалот „Прочка“ во Прилеп и дека им се препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите да се одигруваат без публика.

– Ова го кажуваме конкретно и специфично за овие два карневалa и спортските настани во однос на публиката затоа што очекуваме на тие настани да дојдат многу луѓе од регионот на Северна Италија кои работат таму, а сега се враќаат. Во овој момент нема ниту една епидемиолошка причина да се воведе строга забрана за каков било јавен настан на кое било друго место затоа ги потенцираме овие два настани. Се донесоа уште неколку одлуки на Владата да се провери состојбата, количините и цените на сите заштитни материјали заедно со Агенцијата за лекови и Државниот пазарен инспекторат во однос на цените и количините на заштитни материјали, маски, ракавици итн., затоа што има информации дека некои цени се драстично зголемени, додаде Филипче.

Next Post

Месина: Ако не тргне добро, ќе кашламе да го исплашиме Жалгирис

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk