Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел на Канал 5 со Христијан Мицкоски рече дека исто како да го слуша Груевски.
-За мене е истата матрица, како да го слушам Груевски. И тогаш и сега постои уверувањето дека извршната власт е одговорна за судската. Тоа не е така. Извршната власт ги овозможи законите. Ние очекуваме судството да ги носи одлуките самостојно и независно. Затоа цело време кажувам дека не можете да се одлепите од Груевски, ги зборувате истите работи како него. Има прилика да се оградите од Груевски, еве пред камерите, кажете дека се оградувате од него, рече Заев.
Никаде во ниедна земја кога се воспостувала независна правда не било лесно. Можеше и Заев да ги заташкува случаите како што тоа го беше правено во режимот. Заев го пријави случајот Рекет на 22 април, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на дуелот со Мицкоски.
Мицкоски изиграва Баба Ванѓа, рече Заев.
– Секој што се се огрешил пред закон ќе одговара, рече Зоран Заев за случајот Рекет, без разлика што 1тв била провладина телевизија, а Катица Јанева била поддржувана од владата како јавна обвинителка.
Имате пример европски како се пријавува криминал, рече Заев. Кристално јасен случај како треба да постапува одговорен политичар. Истрагата ги покажа сознанијата, има веќе една пресуда, се гледа се’, како се однесувал Заев. Ние оддржавме лекција како треба дас е поставува. Пред 11 години тоа беше мисловна именка, рече Заев.





