Денеска во Велес ќе се одржи меѓународен вински натпревар посветен на сортата вранец.
Манифестацијата е во организација на еден од најстарите европски вински натревари Concours Mondial de Bruxelles. Настанот ќе се одржува и наредните два дена.
„Vranec Selection by CMB“ ќе ги оценува македонските, како и регионалните вина од сортата вранец од земјите на Балканот. Целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот.
Настанот е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од Друштвото за Германска меѓународна доработка – ГИЗ.
Оценувањето на вината ќе биде доверено на околу 20 вински судии, критичари, новинари од целиот свет. Тие ќе имаат задача да ги проценат вината за да се изберат најдобрите вранец-вина за 2023.