Ништо не може да му побегне на вниманието на нашите читателки и читатели. Утрово, нашето електронско сандаче се наполни со пораки за новото лого на Фронтлајн, освежено и подмладено, што се преслика и на другите онлајн канали на Првата линија – Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутуб.
Решивме да внесеме промени во брендот кој го градиме и со кој држиме чекор со времето заедно со вас повеќе од три години. Во изминатиот период, тимот на Фронтлајн вредно работеше на подобрување на изгледот, брзината, безбедноста и содржините на нашиот и вашиот интернет портал.
Динамичното секојдневие и современите комуникациски технологии ја наметнуваат потребата од постојано внесување нови елементи во нашата работа, а уште поважно – во служењето на јавниот интерес и квалитетното информирање на нашите читателки и читатели.
Живееме во време кога секојдневно сме бомбардирани од безброј информации и дезинформации, реклами и понуди. Често не може да се одвои важното од неважното, фактите од пропагандата и лагите.
Бевме, сме и ќе останеме на Првата линија на фактите, прогресивната мисла и новите случувања.
Ви благодариме за довербата и поддршката.
Срдечен поздрав,
Редакција Фронтлајн