Стотици граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив, откако израелската армија призна дека по грешка убила тројца заложници во Појасот Газа, кои ги држела палестинската милитантна група Хамас.
Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека се уште се заложници на Хамас во Појасот Газа и ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.
Нетанјаху ја опиша смртта на тројцата заложници како „неподнослива трагедија“ и додаде дека „целиот Израел жали за загубата“.
Извор: МИА