ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиерот Ковачевски упати честика за Божиќ до верниците на Католичката црква и граѓаните кои празнуваат по грегоријанскиот календар

December 25, 2023 09:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, до верниците на Католичка црква и до сите граѓани кои по грегоријанскиот календар го празнуваат Раѓањето Христово – Божиќ.

„Во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, упатувам искрени честитки за големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ.

Спокојот и вербата што ги носат празничните денови го насочуваат вниманието кон вистинските вредности, почитта, љубовта, разбирањето, трпението, грижата едни за други, на што посочува и Христовото дело. Но, тие се поттик и за совеста и духовната сила, за одговорноста на секого поединечно, во изградбата на општество на среќни луѓе, кои мотивирано придонесуваат во напредокот.

Во годината што е пред нас, има потреба повторно цврсто да се сплотиме околу приоритетите. А тоа денес е целта да осигураме заедничка перспективна иднина, за сегашните и идните генерации, во својата родна земја, Република Северна Македонија.

Убеден сум дека како и досега, заедно ќе успееме и во овој наш заеднички предизвик.

По примерот на Христос, да правиме добри дела, што се светол патоказ за нашите деца, но и за следните генерации.

Пожелувам божиќните и новогодишните празници да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани.

Христос се роди! Среќен Божиќ!“, напиша премиерот Димитар Ковачевски во честитката до бискупот Киро Стојанов.

Tags: БожиќКовачевскичеститка
Next Post
Фото: ЕПА / МИА

Борел: Гласачите, поради страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk