Во Кијив, бројот на повредени во станбена зграда уништена од руски удар во областа Соломијански се зголеми на 49, објави на Телеграм, градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко.
„Бројот на жртвите во областа Соломијански се зголеми на 49. Има двајца мртви. 43 лица се хоспитализирани“, напиша Кличко.
Едно лице загина во рускиот ракетен напад врз Харкив, а бројот на повредени се зголеми на 52 лица, извести Државната служба за вонредни состојби на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Харкив. Бројот на повредени во ракетен напад се зголеми на 50 (вклучувајќи шест деца)“, соопшти Државната служба за вонредни состојби.
Во Харкив, експлозија на гас се случи откако округот Шевченкивски беше погоден три пати од напаѓачите.
Како што е соопштено, Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина утрото на 2 јануари по ноќен напад со беспилотно летало. Најпогодени се градовите Кијив и Харкив. Во главниот град, разурнувања и пожари беа пријавени во девет области. Загинаа две лица.
Според претседателот Володимир Зеленски, четири лица се убиени, а други 92 се повредени во денешниот масовен ракетен напад врз Украина.
Врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни изјави дека одбранбените сили уништиле 72 руски проектили, меѓу кои и 10 Кинжал ракети.
Подготви: Ј. Ѓ.