ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР за „црните листи“ предлага законски измени со кои и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување на овие мерки

January 11, 2024 13:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи почнува јавна расправа по однос на измените на Законот за рестриктивни мерки коишто имаат за цел проширување на опфатот на овие рестриктивни мерки, како и инструментите коишто се на располагање на државата во услови на воведени рестриктивни мерки, информира денеска на брифинг со медиумите шефот на дипломатијата Бујар Османи

– Согласно сегашното решение, Законот за рестриктивни мерки ги регулира прашањата на воведување, изменување и престанување на важењето на рестриктивните мерки, како и механизмите на координација и надзор на примената на истите, како основи за воведување рестриктивни мерки во сегашното решение се – задолжителни обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации, правни акти на ЕУ, други меѓународни организации во кој членува земјата и на барање на надлежни органи на други држави за прашања на тероризмот и пролиферација на оружјето, истакна Османи во изјава за медиуми по брифингот со новинарите.

Тоа што го предлагаме со овие измени на Законот на оваа јавна дебата, додаде Османи, е да се додадат како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на државата и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, што значи покрај Совет за безбедност, Европска Унија, сега и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување рестриктивни мерки.

– Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Северна Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Северна Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки, а се додаваат два важни инструменти, откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази – материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, појасни Османи.

Ова, подвлече Османи, се суштинските измени на Законот за рестриктивни мерки, додавањето на правните акти на САД како основа за воведување покрај тие на ЕУ и обврската институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а обврска на Обвинителството е да започне веднаш постапка и доколку заврши со обвинение, времено спречување на вршење на јавна функција и забрана за учество во постапка за јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

„За сите државјани на Северна Македонија кои се санкционирани од Стејт департментот на САД, треба да има уставна забрана за учество во јавниот политички живот“, вели за „Фронтлајн“ – правникот и политички аналитичар Ќенан Алиу, говорејќи за иницијативата за усвојување на закон кој ќе им забрани на санкционираните од црните листи на САД, ЕУ и ОН да извршуваат јавни функции.

– За да се ограничи кандидатура за јавни функции во централната и локланта власт, на лицата вклучени во „Црната листа“, добро би било да има посебен амандман во Уставот. Во Северна Македонија, не само на оние кои се наоѓаат на американската „црна листа“, туку и на лицата кога барем се под истрага, треба да се ограничи правото да се натпреваруваат на избори или да бидат именувани на јавни функции. Овој проблем треба да се дефинира еднаш засекогаш, оценува Алиу.

Според него, таков предлог-закон бара правна номотехника за пишување за да не се судри со одредбите на Уставот.

– Фундаменталниот постулат во правдата е презумпцијата на невиност. Значи, додека нема правосилна пресуда, лицето се третира или како осомничено или под истрага или под обвинение, подвлекува тој.

„Црната листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко … Тие им се придружија на поранешнот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по ставањето на Кочо Анѓуше на листата, порача дека тоа е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и најави дека ќе следуваат повеќе назначувања. Таа тогаш кажа дека „ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени“.

Во ноември минатата година, Владата најави дека работи на иницијатива за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица коишто се на листа на санкции, така што ќе се прошири опфатот и освен ОН и ЕУ да бидат вклучени и санкциите, кои ги воведуваат САД.

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, на крајот на декември на брифинг со медиумите, кажа дека Владата треба да создаде правни предуслови за тука, во земјава, во рамки на македонскиот правосуден систем, да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави.

Ј. Ѓ.

 

Поврзано:

Со закон или со уставни измени да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции?

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Законот за рестриктивни меркизаконски измениМНРОбединето КралствоСАДцрни листи

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk