Овозможување инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, што е дел од соработката меѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина беше темата на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Како што се наведува во соопштението изминатата година МТСП со поддршката на Кинеската амбасада реализирало изградба на инклузивни игралишта и опремување на сензорни соби во градинки во Струмица, Крушево и Кривогаштани.
Тренчевска и кинескиот амбасадор во земјава разговарале и за идни соработки во делот на детската заштита, кои се во интерес на двете страни.
-На средбата беше дефинирано дека вакви инклузивни игралишта и сензорни соби во наредниот период ќе бидат отворени и во Струмица, Велес и Гевгелија, се вели во соопштението од МТСП.