Диар Ајдини е ученик во „Digital School“ и тој веќе една година со охрабрување од својот инструктор изработува различни иновации кои тој ги создава дома со електронски делови и дрвени материјали, како вентилатор за лаптоп и за телефон, светлосен аларм, слушалки, роботска рака итн., пишува Порталб.мк. пренесува Мета.мк.
Диар е 12-годишно момче кое живее во Чаир, Скопје. Неговата способност за создавање иновации прв ја открил неговиот дедо, кој му донел автомобили за да може да ги расклопува и повторно да ги склопува, а потоа заедно направиле рака од дрвени материјали која се движела со помош на електронски делови и која тој ја однел во „Digital School“. Оттогаш, неговиот инструктор Бујар Хамити го охрабрува и му помага за што поинтензивно да се занимава со овие активности.
Диар во интервју раскажува како почнал да се занимава со вакви проекти, за пречките на кои наидува и за тоа што ќе прави тој во иднина.
– Имам намера да создадам апарат за производство на електрична струја, вели Диар.
Целото интервју тука.