Единаесет дена пред формирањето на техничката Влада, а три месеци до двојните претседателски и парламентарни избори – „врие“ во политичката сцена на Северна Македонија. Во македонскиот политички табор и на овие избори главната битка ќе се води меѓу социјалдемократите на Димитар Ковачевски и конзервативната десница на чело со Христијан Мицкоски. Ултранационалистичката Левица на Димитар Апасиеви и Нова алтернатива на Данела Арсовска претендират да бидат третата опција. Градоначалничката на Град Скопје ќе ја предводи веќе постоечката партија – Нова алтернатива. Нова алтернатива ја основал Ѓорѓи Оровчанец во 2007 година, во периодот кога беше член на ВМРО Народната партија и пратеник во Собранието. На парламентарните избори кои се одржаа една година подоцна, тој влезе во коалицијата предводена од СДСМ и успеа да обезбеди пратеник.
Во политичкиот табор на Албанците се очекува главната битка да се случи меѓу Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети и Европскиот сојуз за промени (ЕСП), во која дел од коалицијата се Движењето БЕСА, Демократското движење и Алтернатива. И ДУИ и ЕСП, врз основа на анкети на јавното мислење, тврдат дека водат кај Албанците, но двете чекаат „абер“ од Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците, чија партија, според анкетите на јавното мислење, ќе го реши победникот кај Албанците, во зависност од тоа како ќе се натпреварува на парламентарните избори на 8 мај, со ДУИ или со ЕСП во коалиција.
Согласно законските рокови, кон крајот на идната недела, ќе се одвива процедурата за избор на техничката влада, изјави премиерот Димитар Ковачевски прашан кога ќе ја поднесе оставката со оглед дека техничката влада треба да биде формирана за десетина дена.
Соопшти дека за законските рокови за поднесување оставки, избор на нов претседател на Собранието и за избор на техничката влада разговарал со претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба 100 дена пред изборите да биде технички премиер, и со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, кој е кандидат за претседател на Собранието додека трае техничката влада.
Ковачевски информираше дека во СДСМ е почната процедурата за предлагање можни кандидати за претседател на државата и за пратеници.
– Прво оди во месни организации, потоа во општински организации и потоа доаѓа Извршниот и Централниот одбор. Дотогаш имињата не се коментираат бидејќи има поширока палета на имиња. Имаше медиумски напис за можни имиња, еминентни имиња, кои биле разговарани на овие состаноци, рече Ковачевски.
Премиерот потврди дека има комуникација со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а на прашањето дали ќе има лидерска средба одговори дека не мора сите средби да бидат „во сали за состаноци“ и дека „многу работи може и на телефон да се завршат“.
– Комуникација имаме. Ние сме луѓе кои се познаваме, имаме заеднички пријатели, водиме две политички партии кои се најголеми во државата и сметам дека има работи што може на таков начин да се направат, а кои се од техничка природа – предлагање министри во техничка влада, договарање на термините кои исто така се законски пропишани, додаде Ковачевски.
И ДУИ и ЕСП се свесни врз основа на мерењата на јавното мислење дека партијата на Арбен Таравари ќе биде „печатот“ на победникот на изборите во албанскиот политички корпус.
Во политичкиот блок на Албанците засега е познато дека ДУИ на Али Ахмети и ЕСП на Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши ја чекаат одлуката на Алијансата за Албанците како ќе постапи, ќе продолжат да остане дел од владината коалиција, или ќе премине во опозиција и со ова ќе влезе во изборна коалиција со ЕСП.
И ДУИ и ЕСП се свесни врз основа на мерењата на јавното мислење дека партијата на Арбен Таравари ќе биде „печатот“ на победникот на изборите во албанскиот политички корпус. Алијансата за Албанците сè уште не го повика Централното собрание на партијата како највисок орган, предводен од пратеникот и поранешен претседател на оваа партија, Зијадин Села, да одлучува за ова прашање, иако пред новогодишниот празник беше најавено дека ќе се одржи до 10 јануари.
Но, очигледно, Села не го повикал партиското собрание за да се разговара за ова прашање поради неговиот став дека е против Алијансата за Албанците да оди на избори со партии од албанската опозициска коалиција.
Овој заклучок доаѓа од реакцијата на претставникот на Движењето „Самоопределување“ во Северна Македонија, Беким Ќоку, кој го потсети Села на настаните во поделбата на ДПА, односно во создавањето на Движењето за реформи – ДПА, чиј дел беше и самиот.
Според него, тогаш не била земена предвид одлуката на партиските органи за името на тогашната фракција на ДПА.
„Беше 2015 година кога фракцијата на ДПА на чело со градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, го одржа второто собрание во Куманово. Важна точка на денот беше именувањето на оваа фракција – како би се викало! Предлог кој изгледаше прифатлив за мнозинството беше АДЛ – Албанска демократска лига. Собранието требаше само да го потврди името што ќе биде предложено. Така и се случи, собранието со мнозинство гласови го изгласа предлогот новата фракција отсега да се вика АДЛ. Веднаш по гласањето, 3-4 ветерани на ДПА зедоа збор да се пожалат дека ова ново име не го содржи наследството на ДПА, каде што овие луѓе го дадоа целиот придонес. Овој недостаток од нив го раздвижи новиот претседател и го погоди до тој степен што тој самоволно го искористи ветото на својот монарх и ја поништи одлуката на мнозинството во собранието. Фракцијата отсега ќе се вика ДР – ДПА, во чест на ДПА окупирана од Мендух Тачи, ментор и модел на новиот претседател. Собранието, статутот и органите на оваа фракција оттогаш не се ништо друго освен фарса. Беше фарса кога луѓето на Мендух решија да станат дел од владата на ДУИ, а собранието само формално ја одобри нивната одлука донесена во Зајас“ – напиша Ќоку на социјалните мрежи.
Од друга страна, активисти на Алијансата за Албанците преку социјалните мрежи само покажаа внатрепартиска поделеност во однос на настапот на нивната партија на претстојните парламентарни избори.
Едни на социјалните мрежи објавуваа фотографија на Зијадин Села со натпис „Надеж“, а други на Арбен Таравари исто така со натпис „Надеж“.
Има ли трет пат за Алијансата за Албанците?
Според познавачите на политичките случувања во земјава, Алијансата за Албанците се наоѓа меѓу два „пожари“ и треба да го свика партиското Собрание и да се изјасни за една од опциите. Но, според нив, она што би го зачувало единството на партијата би било -партијата да реши сама да оди на следните парламентарни избори, додека на претседателските избори би го поддржала албанскиот кандидат доколку го има, ако не оној на „Фронтот за Европа“. Според нив, други опции би создале поделба и уништување на оваа партија.
– Алијансата за Албанците горе-долу дојде до сериозни збир на информации, има конкретни понуди, конкретни оценки, средби и врз основа на ова ќе се свика Централното собрание кога ќе се смета дека имаме што да одлучиме, велат од АА за „Фронтлајн“.
На речиси три месеци до претседателските избори, граѓаните сè уште не знаат за кого ќе треба да гласаат на 24 април. Она што деновиве го најавуваат лидерите на партиите е дека „трката се стеснува“ и дека „почнале да стигаат предлозите за кандидати за претседател и пратеници“.
Во јавноста веќе се вртат неколку имиња, иако партиите не сакаат јавно да ги соопштуваат имињата кои од кандидатите влегле во најтесниот круг. Ниту актуелниот претседател Стево Пендаровски сè уште не се огласил дали ќе се кандидира за уште еден мандат. За некои од кандидатите веќе подолго време се зборува дека имаат амбиции за одредени позиции и тоа јасно се покажа со начинот на кој тие се појавуваат во официјалните активности, но и на социјалните мрежи.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека сè уште се прават анализи за кандидатите, а трката е се потесна, а кандидатот за претседател ќе биде објавен на конвенцијата на 2 март.
Кандидати за претседател ќе има и од албанскиот блок. Европскиот сојуз за промени најави дека ќе има свој претседателски кандидат. ДУИ сè уште не се изјаснилe дали ќе имаaт свој кандидат за претседател.
На 27 јануари ќе почне собраниската седницата, додека најдоцна на 28 јануари ќе треба да се гласа за техничка влада. Премиер на оваа влада ќе биде Талат Џафери, актуелен спикер на Собранието, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ќе биде претседател на Собранието.
Дестан Јонузи