ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Фронт за Европа“ – СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, заедно?

January 22, 2024 10:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во четврток оставки ќе поднесат премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, а во петок ќе се избере новиот претседател на Собранието, Јован Митревски од СДСМ. Според договорот, технички премиер ќе биде Талат Џафери. Техничката влада ќе се гласа во недела. Остануваат нејасни кадрите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи за министри и заменици министри во техничката влада.

Иако ВМРО ДПМНЕ веќе има донесено партиска одлука да предложи кандидати за министри, сепак најави дека нема да го поддржи техничкиот премиер и затоа нема да гласа за техничката влада.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за техничката влада и за техничкиот премиер, тогаш премиерот на техничката влада нема да ги предложи имињата на министрите од ВМРО-ДПМНЕ и тие места ќе останат празни. На иста линија се и ДУИ, од каде порачаа дека ниту пратениците на оваа партија нема да ги поддржат предлозите за министри кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, доколку не ја поддржат техничката влада.

Но и покрај овие предупредувања од власта, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се откажува. Од таму одговорија дека останувата на истиот став, додека имињата за министри и заменици, според законот, ќе бидат предложени неделава.

Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев минатата недела на заедничка средба во Скопје, разговарале за дефинирање на стратегијата за настап на изборите и за сите опции на европскиот фронт.

Како што дознава „Фронтлајн“ средбата не се одржала во ниту еден ресторан во Скопје, како што беше објавено, туку се одржала во една од канцелариите на едно министерство, на која учествувале и првиот вицепремиер Артан Груби и уште еден партиски функционер на СДСМ.

Високи извори од средбата за „Фронтлајн“ информираа дека на средбата се разговарало за фронтот за Европа, на кој ќе учествуваат СДСМ и коалиционите партнери, ДУИ и коалиционите партнери ДПА на Мендух Тачи, партијата на Аријани Хоџе и партијата на пратеникот Скендер Реџепи-Зејд, Алијансата за Албанците (АА), граѓанскиот сектор, интелектуалци итн., а на средбата се разговарало и заедничкиот консензуален кандидат за претседател на државата. За ДУИ наши извори велат дека Стево Пендаровски е прифатлив, но се отворени за компромис.

За ваквата форма на коалиција, „Фронтлајн“ пишуваше на 19 декември, за што дознава дека се согласува и Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, во чија партија има различни мислења за настапот на парламентарните избори на 8 Мај. Еден дел од оваа партија сака да одат сами на избори, дел во коалиција со албанската опозиција, а мал дел со ДУИ на Али Ахмети.

Но, како што дознава „Фронтлајн“, она што ги обединува сите овие различни мислења во рамките на Алијансата за Албанците, е заедничката коалиција во рамките на „Фронт за Европа“, во која ќе бидат вклучени сите партнери од владината коалиција, вклучително и граѓанскиот сектор и сите интелектуалци и прогресивни проевропски и проамерикански сили во земјата.

Како што дознава „Фронтлајн“ од високи партиски извори на АА за оваа форма на проевропска коалиција, министерот за внатрешни работи на Албанија, Таулант Бала, разговарал со поранешниот и сегашниот лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и Арбен Таравари. Бала разговарал со Селен на неформална средба во Струга, додека со Арбен Таравари во Тирана.

Дестан Јонузи

Tags: Алијанса за АлбанцитеДУИЕУизбориСДСМФронт за Европа
Next Post

О' Брајан: Сите шест земји од Западен Балкан треба да работат заедно за поскоро да станат дел од ЕУ

НАЈНОВО

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025
Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk