ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одлучија да тераат инает, ги оставија граѓаните без превоз

January 22, 2024 14:13
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Град Скопје денеска не ја донесе одлуката за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за 2024 година. За изгласување на одлуката не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.  Со одлуката за субвенционирање треба да се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои организирани од Синдикатот,  изутрината во 9 часот го прекинаа јавниот градски превоз.

Од Град Скопје по седницата соопштија дека „советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да тераат инает со граѓаните, да ги остават без превоз, а вработените во ЈСП Скопје без плата“.

Скоро два и пол часа на вонредната седница, советниците дискутираа за потребата од донесување одлука за субвенционирање 11 милиони евра за ЈСП, средства од кои вработените ќе можат да ја земат декемвриската плата.

Директорот на ЈСП Скопје Крсте Петревски повикувајќи ги советниците да гласаат за доделување субвенции за вработените да земаат редовно плата, појасни дека претрпијатието месечно троши 45 до 50 милиони денари за нафта, околу 20 милиони за ЦНГ или метан, а 30-тина милиони денари им исплаќаат на приватните превозници. Тој потенцира само за овие три давачки се потребни околу 100 милиони денари, но за нормално да функционира претпријатието дополнително треба пари за гуми, масло, електрична енергија….

– Ве повикувам овие луѓе кои се гладни надвор и граѓаните што патат за ваквите одлуки да ја донесете одлуката да ја изгласате. Ако сега не ја излгасаме одлуката претстојат  избори и ќе ги донесме вработените во април или мај да останат без плати. Ве повикувам да ја изгласате одлуката за да може луѓето да се вратат на рбаота и да ги добијат заслужените пари, рече Петревски.

Тој потенцира дека управниот и надзорниот одбор, изгласани од мнозинството во Советот на Град Скопје има увид на целокупното работење на претпријатието за сите трошоци детално.

– ЈСП месечно од сите приходи прибира ококу 70-тина милиони денари, тоа се билети кои ги продаваме и договори со школи кои ги возиме. Скоро 70 проценти од патниците по разни програми се ослободени од плаќање и ги возиме бесплатно. Приходите се огрнаичени. Затоа субвенциите години наназад се гласаат и тие пари се трошат за плати на вработените, додаде директорот на претпријатието.

И градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги повика советниците да гласаат за вработените да ја земат декемвриската плата. Негирајќи ја тезата за партиски вработувања во претпријатието, направи споредба со бројот на вработени од 2014 до 2023 година. Нагласи дека во нејзиниот мандат, односно од 2021 до 2023 година бројот на вработени бил намален за околу 300.

– Вработувањата не се зголемени. За 300 е намален бројот на вработени. Расчистени се оние кои не одеа на работа, оние кои не работеа, и никакви вработувања нема. Само тековно работење, рече Арсовска.

Марија Андоноска, советник од ВМРО – ДПМНЕ, забележа дека ЈСП не ги спроведува одлуките на Советот за продолжување пет-шест автобуски линии и за воведување две нови. Според неа, претпријатието не доставувало ниту детални извештаи за потрошените пари, забележувајќи дека во времето кога Коце Трајановски беше градоначалник ЈСП функционирало со 150 милиони денари субвенции, а сега не можело да опстои со 780 да функционира.

Гордан Шутаров советник од СДСМ кажа дека ставот на неговата партија е конзистентен за давање субвенции на ЈСП заради тоа што граѓаните заслужуваат да имаат јавен превоз во моментот.

– Две години по ред се залагаме за нов концепт на јавен градски превоз во Градот Скопје, тоа е „bus rapid transit system – brt“, проект за кој има одобрено 70 милиони евра од Европската банка з аобнова и развој, за кои гарантира и државата, а Градот Скопје нема д аима никаков финансиски импакт за тој проект. Мнозинството с епонаша како да  еопозиција и повторно не го одобрува овој проект, за да се продлабочуваат кризите во ЈСП, рече Шутарот, нагласувајќи дека спасот за ЈСП е токму тој концепт на јавен градски превоз.

По недонесувањето на одлуката за субвенционирање на ЈСП, Град Скопје во соопштение реагираше дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучиле да тераат инает со граѓаните, да ги остават вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на градот Скопје без превоз.

Пред и за време на одржувањето на седницата, членови на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје се собраа пред просториите на Град Скопје за да го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на град Скопје за исплата на субвенциите на ЈСП, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз.

Јавниот градски превоз функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот,  по што автобусите на ЈСП Скопје беа повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец.

Пред бараките на град Скопје се околу 400 вработени, како што велат, во знак на револт и да вршат притисок врз советниците на Градот, кои треба да ја изгласаат одлуката.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за медиумите информира дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје.

Тој рече дека нема да се согласат со нецелосна исплата на сумата. Нагласи дека доколку биде донесена одлука за исплата на целосната сума, тогаш автобусите на ЈСП ќе почнат да сообраќаат во попладневните и вечерните часови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ден на Соборноста на Украина

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk