ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Стапија во сила измените на Законот за воздухопловство

January 27, 2024 13:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Стапија во сила новите законски одредби од областа на воздухопловството кои овозможуваат целосно транспонирање на новата регулатива на Европската Унија од областа на воздушниот сообраќај.  Надлежноста, активностите и организацијата околу трагање и спасување во воздухопловството преминуваат во Центарот за управување со кризи (ЦУК), хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ, а се предвидува уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти.

Директорот на АЦВ Томислав Тунтев во разговор за МИА објаснува дека легислативните промени и нови решенија се во насока на унапредување на условите за развој на воздухопловните активности.

Европската воздухопловна регулатива ја креира ЕАЅА – Агенцијата на ЕУ за безбедност во воздушниот сообраќај, со која нашата држава во 2013 год. има потпишано посебен работен аранжман – билатерален договор, и на тој начин сме се обврзале дека ќе ги имплементираме сите европски регулативи во нашето законодавство. Таквата обврска произлегува и од Договорот за формирање на европска заедничка воздухопловна област, што Македонија го потпиша со Европската Унија во 2006 година. Новиот закон за воздухопловство претставува чекор напред во создавање на услови и можности за побрза, полесна и поефикасна транспозиција на европското воздухопловно законодавство, објаснува Тунтев.

Како што укажува, ЦУК ја презема оперативата околу трагање и спасување во воздухопловството.

-На тој начин се прави јасна и прецизна дистинкција во надлежностите за S&R – Search and Rescue во воздушниот сообраќај – надзорот останува во рамки на АЦВ, додека оперативата преминува во ЦУК. Таквата поделба на надлежностите овозможува превенција и спречување на евентуален конфликт на интереси во областа на трагањето и спасувањето на воздухоплови и луѓе во вонредни околности, укажува директорот на АЦВ.

Со новиот закон, хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ. По повеќегодишна посебна интерна организација, регистрирање и одржување, сертификација на полициските хеликоптери повторно е во надлежност на АЦВ.

За таа цел, појаснува Тунтев, во изминатиот период биле преземени повеќе заеднички активности во МВР и АЦВ, околу конверзија на полициските пилотски дозволи во цивилни, и инспекциски надзори за сертификација на воздухопловите.

Законот предвидува и дополнителен начин на финансирање на АЦВ, односно уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти. Тоа се однесува на реализација на надзорните активности на АЦВ врз аеродромскиот оператор и превозниците, како субјекти на националната авиоиндустрија.

-Законските одредби предвидуваат надомест во вредност до едно евро за секој заминат патник од македонските аеродроми. На тој начин ќе се намали доминантното учество на надоместоците од прелети во финансирањето на националното регулаторно и надзорно тело, со што ќе бидат ослободени дополнителни средства за развој на воздухопловните активности и системи во државата. Ваквиот модел, на комбинирано финансирање на цивилните воздухопловни власти од повеќе независни извори, се применува во голем број европски држави, затоа што овозможува посоодветна распределба на надоместоците за надзорните активности на националниот регулатор, објаснува Тунтев.

Новиот закон предвидува и изработка и имплементација на Национален план за спречување на несакано излетување и неовластено влегување на воздухопловите (aircraft excursion and incursion) на маневарските површини на аеродромите.  Планот треба да придонесе  за значајно унапредување на безбедноста на воздушниот сообраќај на македонските аеродроми, затоа што, според АЦВ, претставува основа за превенција од инциденти, сериозни инциденти или несреќи на воздухоплови на полетно-слетната патека и другите маневарски површини на аеродромите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: воздухопловство

НАЈНОВО

Промоција на сликовницата „ДРУГАРКА, ДРУГАРКО И ДВЕ МАЧЕНЦА“

May 27, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителен акт против организирана криминална група за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност

May 27, 2025

Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун, на лекување во Грција остануваат уште двајца повредени од трагедијата во Кочани

May 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Рената Дескоска примена во Европската академија на науките и уметностите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советникот на корумпираниот бегалец Груевски на чело на македонското здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешниот советник на Груевски и „другар“ на Али Ахмети се очекува да биде министер на Мицкоски за здравство!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Скопје без струја и вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk