Демонстранти ја полија со супа сликата на Мона Лиза во Париз, која е заштитена со стакло. Видеа од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.
NEW – Climate radicals attack the Mona Lisa painting in the Louvre Museum, Paris.pic.twitter.com/OP3AGiNe0W
— Disclose.tv (@disclosetv) January 28, 2024
Сликата на Леонардо да Винчи од 16. век е едно од најпознатите уметнички дела во светот и се чува во Лувр во Париз.
Таа се наоѓа зад стакло отпорно на куршуми, па тешко дека ќе се оштети.
На видеото се гледаат две климатски активистки кои бараат право на здрава и одржлива храна, велејќи дека земјоделскиот систем е болен, објави Би Би Си.
Мона Лиза се наоѓа зад сигурносно стакло од почетокот на 1950-тите, кога била оштетена од посетител кој ја полил со киселина.
Во 2019 година, музејот соопшти дека поставил повидлив облик на непробојно стакло со цел да ја заштити. Три години подоцна, активист фрли торта врз сликата, повикувајќи ги луѓето да размислуваат за Земјата.
Г. Т.