ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кабинетот на Зеленски демантира дека е разрешен Залужни, дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските портали

Лажната вест за смената на Залужни побрзаа да ја објават и неколку македонски портали, познати од предходно по ревносното пренесување на дезинформации подготвени во руските пропагандни кујни. Некои дури го објавија и името на наследникот на Залужни, секако од извори блиски до властите во Кремљ, како рускиот пропагандистички канал РИА Новости.

January 30, 2024 12:17
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не го разреши врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, изјави прес-секретарот на претседателот Сергиј Никифоров во коментар за Укринформ.

„Нема тема за разговор. Го побивам отказот на Залужни“, рече Никифоров.

Доцна во понеделникот, на 29 јануари, неколку Телеграм канали објавија дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, бил разрешен од функцијата.

Имаше информации и за разрешување на министерот за одбрана Рустем Умеров. Украинското Министерство за одбрана ги отфрли наводите, велејќи:

„Не, тоа не е точно“.

Лажната вест за смената на Залужни побрзаа да ја објават и неколку македонски портали, познати од предходно по ревносното пренесување на дезинформации подготвени во руските пропагандни кујни.

Некои дури го објавија и името на наследникот на Залужни, секако од извори блиски на властите во Кремљ, рускиот пропагандистички канал РИА Новости.

Само мал дел од нив собраа сили за да го објават демантот на дезинформацијата која самите ја објавија.

Како што забележува Мониторин тимот на Цивил, ова не е прв пат, овој дел од македонските медиуми , по налог на нарачателите од Кремљ да шират дезинформации околу наводниот судир помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на украинската армија, Валериј Залужни.

Како што објави ЦИВИЛ МЕДИА на 10 ноември, тогаш дел од македонските портали, користејќи го како „релевантен“ извор еден од нивните омилени „аналитичари“ – Владимир Рогов од „Заедно со Русија“, објавија дека Залужни веќе е избран да го замени Зеленски на чело на Украина, додека двајцата лидери се фигурите во украинскиот крвав шах во последна партија помеѓу двете кијивски „струи“. Според ова, Украина најверојатно војува самата со себе, а победник на крајот е путинова Русија.

Се злоупотребува и несреќната смрт на помошникот на Залужни, кој загина во несреќен случај во својот дом, за кој домашнива експерти побрзаа да објават дека е ликвидиран, и сето тоа да го деоведат во корелација дека Залужни е во немилост кај Зеленски, по неговата изјава за Економист, која своеволно (по нарачка) на големо ја експлоатираат.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Валериј Залужнидемантмакедонски медиумиРуска пропагадна и дезинформации
Next Post

Арсовска втор пат изгуби на Управен суд за решението за назначувањето на Алексов за в.д. директор на МКЦ

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk