ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Собраниската комисија го изгласа предлогот за Павловска Данева за кандидат за уставен судија

January 31, 2024 15:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на продолжението на денешната седница, со седум гласа „за“ и три против, го изгласа предлогот за Ана Павловска Данева за кандидат за уставен судија.

Претходно, беше затворена расправата по повод предлог кандидатот за уставен судија. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска останаа на ставот дека предлогот професорката Ана Павлова Данева да се избере за нов уставен судија е партиски. Пратениците од власта, пак, оценија дека опозицијата не истакнала ниту еден издржан аргумент зошто кандидатот не би можел да биде судија.

– Таа не треба да биде уставен судија, таа нема да ја има мојата поддршка, подвлече Петрушевска.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека немало конструктивна критика во говорот на Петрушевска, иако очекувала.

– Имавте седум години да се оградите од штетните политики на тогашното ВМРО ДПМНЕ кое за 11 години успеа да ја зароби државата. Токму тоа  доведе до тоа, секој демократ да излезе во шарена револуција. Во револуцијата учествуваа способни кадри од различни професии. Со една мисла, да не се повтори тоа што го имавме. Делата говорат за неа, а тие се многубројни. Правните експерти што ја оцениле лошо Данева се всушност на батерии. Кога нема што да се каже, нешто суштинско, се оди со дисквалификации. Очекував да се надминете себеси и и дека за ваков предлог ќе гласаме со консензус и да се комплетира уставниот суд. Очекувам барем дел од вас дека ќе успеат да се надминат и да гласаат за неа, нагласи Калевска Ванчева.

Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Tags: Ана Павловска Даневауставен судија
Next Post

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk