Изгаснат пожарот кој денеска околу пладне избувна во атарот на Чукаревска Маала во каменичкото село Саса.
Командирот на ТППЕ од Македонска Каменица, Малин Трајчевски информира дека во пожарот е причинета штета на вегетацијата на простор од околу 4 хектари.
-Пожарот е настанат од невнимание на локален жител, при чистење на нива кај месноста Близна. За време на гаснењето немаше опасност по безбедноста на населението, истакна Трајчевски, напоменувајки дека пријавата за пожарот е добиена во 12:30 часот, а истиот целосно е изгаснат во 14:30 часот.
Противпожарната единица од Македонска Каменица во гаснењето учествувала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Во пожарот се зафатени сува трева и папрат, без материјална штета по имотите на жителите.