„Изборната кампања официјално не е почната но јасно е дека и за овие избори наместо програми и проекти за подобар живот, партиите на граѓаните за жал и овој пaт ќе им сервираат национализам како проверена понуда која ќе им донесе гласови“, во изјава за „Фронтлајн“, вели политичкиот аналитичар и долгогодишен новинар Ацо Кабранов, анализирајќи го опозицискиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ на спроти европскиот концепт и проекти што ги нудата партиите од владиното мнозинство.
– Така ќе биде се додека граѓаните дозволуваат нивниот глас да заврши на контото на тие што шират национализам и си играат со нивната безбедност, наместо понуда за подобар живот. Мислам дека и на овие избори место гласови за квалитетна понуда – граѓаните ќе гласаат за оние што ќе им продаваат популизам и национализам. Според мене проблемот е и во нас граѓаните што се палиме на тоа место од партиите да бараме понуди кои ќе ни овозможат подобар и достоинствен живот, вели Кабранов.
Поврзано:
ВМРО-ДПМНЕ без конкретна понуда, го „пумпа“ народот со национализам