„За мене етничка припадност не може да биде професија, и тоа важи за сите. Сум имал можност за овие изминати две години, како и во претходното мое работно искуство, и не само моите советници, туку и еден од нашите млади во Брисел, во Канцеларијата на ЕУ, е од ромска етничка припадност. Тоа го препознаа и тие. Се работи за исклучително талентирана, образована, професионална млада особа кој аработи сеа во друга меѓународна организација. Се потврдува дека квалитетот секогаш го наоѓа своето вреднување,“ истакна претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, во интервју за „Контрапункт“, на настанот организиран од Фондацијата „Ромите за демократија“, зборувајќи за човечките ресурси кои се од ромска националност.
Ковачевски исткна дека СДСМ покажала дека е мултиетничка партија, каде што и потпретседател на владата е Албанец, како и потпретседател на партијата, а секако дека има и Роми во своите редови, како и припадници на други етнички заедници.
„Сметам дека било кој од било која етничка заедница може да биде и министер, и јас познавам Роми кои имаат голем капацитет и дојдено е времето да ние како политичка партија можеме да го подржиме, а секако тоа да го подржат и коалиционите партнери. По 8ми мај и извојуваната победа на СДСМ и коалиционите партнери кои се проевропски ориентирани, треба и Ромите да покажат одржка, да излезат на гласање, со подршка на кандидати кои се кредибилни, кои се интегритетни, со кои ќе изградиме подобро општетсво за сите,“ потенцираше Ковачевски.