Главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски, е осуден на условна затворска казна од шест месеци поради оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев, пренесува Слободен Печат. Во наредните две години Митовски не смее да направи ниту едно кривично дело инаку ќе се активира казната затвор од 6 месеци.
Инаку вчера специјалниот советник во Владата на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил објави дека добил пресуда дека невистинити биле пишувањата во Инфомакс дека добил пари за учеството во преговорите за Договорот од Преспа од кои купил ексклузивен плац во Дебар Маало. Инфомакс, според пресудата, е должен да исплати 50 илјади денари парична казна.






