Портпаролот на израелската влада Ајлон Леви денеска изјави дека повеќе од 12.000 членови на Хамас се убиени во нападите во Појасот Газа, со што бројот на силите на тоа движење е намален за половина.
Тој додаде дека голем е и бројот на ранети и заробени во војната во Газа.
– Зборуваме за три четвртини од баталјоните на Хамас кои се поразени и повеќе од 12.000 терористи кои се убиени, изјави Леви на денешниот брифинг со новинарите.
Тој истакна дека кога ќе се земе предвид бројот на ранетите или уапсените, тоа значи дека повеќе од половина од борбените сили на Хамас се ставени надвор од акција.