ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка: Во јануари годишен раст од 10 проценти на вкупните депозити и од 5,7 проценти на вкупните кредити

February 21, 2024 14:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

 Вкупните депозити на годишно ниво се зголемени за 10 проценти, а вкупните кредити за 5,7 проценти, соопшти денеска Народната банка.

-Вкупните депозити , во јануари, се непроменети на месечна основа. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 10 проценти, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. Во јануари, вкупните кредити се намалени за 0,2 проценти, во споредба со претходниот месец, во целост поради падот на кредитирањето на корпоративниот сектор. Вкупните кредити остварија годишен раст од 5,7 проценти, којшто се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства, се вели во соопштението од Народната банка.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 1,8 проценти на месечно ниво, додека долгорочните депозити бележат раст. Кај кредитите на корпоративниот сектор е забележан пад од 0,7 проценти, како резултат на намаленото кредитирање во денари и во странска валута, кое е поизразено кај кредитите одобрени во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата се незначително намалени за 0,1 процент, а кредитите бележат раст од 0,3 проценти, којшто во поголем дел се должи на повисоките кредити во денари, при раст и на кредитите во странска валута.

Кај потрошувачките кредити е забележан месечен пад од 1,1 процент, а станбените кредити белеќат зголемување за 0,3 проценти. Автомобилските кредити оствариле и месечен и годишен раст од 0,3 и 12,6 проценти.

Tags: годишен растНародна банка
Next Post

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

НАЈНОВО

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

August 23, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk