По панел дискусијата која се одржа денес во Сити Парк, на тема „Говор на омраза“, во органзација на ЦИВИЛ, Петрит Сарачини во изјава Фронтлајн рече дека е битна дерадикализација на политичкиот дискурс, будење на свеста, а со тоа веднаш ќе има резултат кога станува збор за говорот на омраза.
„Говорот на омраза влијае сериозно на нарушувањето на меѓуетничките односи кај нас, тука е клучно да се оневозможи влијанието од јавните личности и политичарите за таква цел, затоа што нивните зборови тежат повеќе од зборови кажани пред кооперација или во домашна атмосфера. За несреќа, тој говор сега се комбинира со политичкиот говор на омраза…“, изјави Сарачини на прашањето колку говорот на омраза влијае на меѓуетничките односи.
„Можете да мразите геј, човек што е противник на ваш политички противник, но дали го мразите повеќе заради првото или заради тоа што не ги подджува вашите политички ставови. На етнички план, нападот не е само етнички, туку најчесто е во комбинација со политички. Ние имаме малку посложена ситуација од други земји, затоа што кај нас има комбинација на мразење и поради политичка припадност и друг некој параметар“ додаде Сарачини.
А. Н. Стојчевски
камера: Ариан Мехмети