ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Губитничката од претходните избори Гордана Силјановска Давкова повторно со Стево Пендаровски во трка за претседателската функција

February 22, 2024 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Раководството на СДСМ донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Партиски извори информираат дека вчера на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 – ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.

-Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, велат од СДСМ.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ објавија дека повторно ќе одат со Гордана Силјановска – Давкова за претседателски кандидат, која еднаш веќе изгуби од Пендаровски.

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова се пријавила на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, соопштија од партијата. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

– Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес. На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година и беше поразена од актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Во претседателската трка со собирање на 10 илјади потписи ќе се обидат за влезат и Билјана Ванковска предложена од Левица, Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, претседателот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош Стевче Јакимовски и како што објави Слободен печат, Мерсиха Смаиловиќ, правничка и граѓанска активистка како кандидат од Бошњачки демократски сојуз.

Свој кандидат најави и движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, а ДУИ се очекува денеска да го соопшти името на нивниот кадидат за претседател на државата.

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март на полноќ.

Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг од изборите е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Ј. Ѓ.

Tags: избориПендаровскиПретседателСилјановска Давкова
Next Post

Бојмацалиев: „Пролет“ со принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, сега граѓаните не можат да закажат термин по седум, осум дена

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk