ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Стапката на инфлација се намали на 3 проценти, инфлациските трендови се позитивни

February 23, 2024 11:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во видеоинтервју за „Еуромани“ посочила дека инфлациските трендови се позитивни, но дека централните банки и понатаму треба будно да ги следат движењата бидејќи се уште има неизвеност и ризици.

Како што пренесува Народната банка, Ангеловска-Бежоска оценила дека инфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа, како и во земјава, е намалена на едноцифрени стапки, како резултат на водењето затегната монетарна политика од страна на централните банки и стабилизирање на светските цени на примарните производи.

– Во регионот на Централна и Источна Европа инфлацијата се сведе од 16 на 5 проценти. Слична е ситуацијата и кај нас, каде што стапката на инфлација се намали на 3 проценти, од највисокото ниво коешто достигна околу 20 отсто, нагласила Ангеловска-Бежоска.

Таа истакнала дека последниот инфлациски шок не е од стандардна монетарна природа и дека многу фактори влијаеле, вклучително и нарушувањата во производството, трговијата, транспортот и цените на енергенсите, коишто придонеле за растот на инфлацијата.

Ангеловска-Бежоска посочила дека и покрај затегнувањето на монетарната политика од страна на централните банки, финансискиот сектор е стабилен, што се должи на мерките преземени од страна на централните банки по големата финансиска криза и стабилните биланси на банките со коишто влегоа во кризниот период.

– Банките влегоа во оваа криза со релативно солидна позиција, со силни капитални и ликвидносни заштитни слоеви, коишто главно беа изградени пред пандемијата и оттогаш се одржуваат, оценила Ангеловска-Бежоска.

Tags: Ангеловска-БежоскаинфлацијаНародна банка
Next Post

ЕУ усвои нови рестриктивни мерки поврзани со руската агресија врз Украина, меѓу санкционираните и компании од трети земји

НАЈНОВО

Скриншот

Анчелоти: Имам добри односи со Винисиус, како и со другите играчи

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk