ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Комарциска хистерија

February 23, 2024 18:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБОМИР ШОПОВСКИ

Алтернативни факти:

Гледам CNN и ги бришам наочарите, низ кои едвај проаѓаше светлина. И така, без наочари, жмиркајќи, читам вест:

„Суецкиот канал се стеснува“ (shrinking, на англиски).

Ок, си реков, ова не може да биде вистина. Ги добришав наочарите и читам:

„Сообраќајот низ Суецкиот канал се стеснува“.

Тоа веќе има смисла. Не сакам да кажам дека за малку ќе поверував, но има огромна група луѓе кои веруваат од прва на насловот, или на дел од насловот, на кој се веќе склони да веруваат. Обично причината за ова е лошото образование, затоа што не ти треба голем IQ, туку малку школо и малку амбиции за да дознаеш дека земјата е топка, а не плоча која стои на грбот на желка.

Ако сакаме да се сметаме себе си за личност со поголем IQ од 81.9, тогаш мораме самите да вложиме напор во личното образование, кое црпе знаења од факти, а не од алтернативни факти. Викаат дека коефициентот на интелигенција не зависи од степенот на образованието, но мора да се каже дека обратното не важи. Напротив, степенот на образованието зависи од коефициентот на интелигенција, затоа што таа е неопходна за да се восприемат образовните дисциплини. Јас некако не сум склон 100% да верувам во објективноста на мерењето на степенот на интелигенција, но сепак, од степенот на образование, може да се претпостави и степенот на интелигенција, кој е предуслов за добро образование. На пример, ако е некој слабо образован, тоа е или поради неговиот слаб коефициент на интелигенција, или поради слабиот образовен систем, или поради лична одлука да не учи. Сигурно има и други фактори (медицински, социјални…), но тоа е надвор од оваа тема.

Разумната употреба на интернетот може да биде од голема помош, но само ако сакаме да ја дознаеме (или да ѝ се доближиме) на вистината. На пример, ако некој исташ, неутрон, разочаран, или вмровец ви каже дека во сред лето го каснал комарец и дека тоа е затоа што Шилегов не прскал против комарци, морате прво да знаете (дознаете) дека 1. не е можно да се уништат сите комарци со никакво прскање 2. Да дознаете (проверите) по социјалните мрежи дали во предвидениот термин авион прскал, 3. Ако прскал, тогаш зошто вие не сте го слушнале, 4. Да купите Аутан и да се намачкате, затоа што комарци имало и ќе има. Ако сакате да продолжите со истражувањата, можете да дознаете дека авион може да лета над населено место само ако има повеќе од еден мотор (заради безбедност) и тој мора да биде тивок (толку и толку децибели) заради звучното загадување и дека ние таков авион имаме, а во Белград не прскаат затоа што го немаат (барем така беше во времето на комарциската хистерија). Или дека во САД не прскаат против комарци поради екологија, па затоа сите куќи се обвиткани до комарници.

Комарците се само еден пример. Да не споменуваме антиваксерство, рамна земја, длабока држава, прскање со хемтреилс…

Што да се каже за „фактот” дека Навахо индијанците се потомци на Македонците, дека кралот на Хунзите е и наш крал, дека во Анска река има злато, дека во Алшар има минерал со магични моќи, дека Никола Тесла е Галичанец, дека Клеопатра е Македонка, дека скопската архитектура е барок, дека Иван Исцелител и алтернативната медицина лечат, дека Гордана Гоџо се разбира од заразни болести.

Како и да е, слабото образование е причина што наместо на Шилегов, луѓето поверуваа на алтернативните факти на Данела. Последиците се видливи, ако се потрудиме да ги видиме.

Да, да… И дека ВМРО се бори за македонскиот идентитет и интереси, дека ќе го предефинира Преспанскиот договор и договорот со Бугарија и дека така ќе не одведе во ЕУ.

Читајте и учете, докажете дека нашето IQ е поголемо од 81.9, за да не ни се повтори 2006та.


Текстот е личен став на Авторот
Next Post

СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk