ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Земјава со еден потврден случај на корона вирус, епидемиолозите предлагаат собири да нема уште седум дена

Контролен тест вчера бил направен и врз единствената заболена пациентка од корона вирусот, како и врз нејзината ќерка.

March 6, 2020 08:49
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава засега останува само една пациентка заболена од корона вирусот. Најновите случаи со двајцата странски државјани се негативни, но предлогот на епидемиолозите е да продолжи уште една недела препораката за неодржување на масовни јавни собири и спортски натпревари без публика.

Од Министерството за здравство вчера излегоа со информација дека тестовите кај двајцата странски државјани, едниот од Сингапур и другиот од Австралија, се негативни. По пријава на хотелот во кој престојуваа во центарот на Скопје, епидемиолози од Центарот за јавно здравје земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба. Тие ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата. Двајцата странски државјани останаа изолирани во хотелската соба до добивањето на резултатите.

 

Контролен тест вчера бил направен и врз единствената заболена пациентка од корона вирусот, како и врз нејзината ќерка.

– Тестот на пациентката е негативен на коронавирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка, информираа од Министерството.

По појавата на коронавирус во Италија, земјава ги подигна превентивните мерки на повисоко ниво, а секојдневно заседава и Комисијата за заразни болесни и Комитетот за следење и информирање на состојбата со коронавирусот. Нивната најнова препорака е да се продолжи препораката за неодржување на масовни собири и спортски натпревари за што утре Владата ќе треба да расправа на седница.

 

Покрај превентивните мерки спроведени на двата аеродрома и на граничните премини во државата и препораките до граѓаните, на барање на Министерството за здравство, сите патници од странство ќе добиваат СМС пораки со препорака да се јават на телефонскиот број на Институтот за јавно здравје  доколку имаат симптоми на вирусот.

Според информациите што вчера на прес-конфереција ги изнесе министерот за здравство Венко Филипче повикувајќи се на нашиот Конзулат во Италија, постои зголемен интерес за враќање на нашите државјани во земјава. Се прават напори тоа да се одвива организирано со цел да се има подобар увид во ситуацијата.

Во Европа од ден на ден се зголемува бројот на случаи заболени од коронавирус. Последните информации што вчера ги пласираше министерот Филипче, покажуваат дека досега се заболени 4.250 лица што е 1000 повеќе од претходниот ден.

 

Во зависност од развојот на состојбата, како што најави вчера Филипче, ќе бидат разгледани евентуално и поригорозни мерки на заштита.

Next Post

Следната недела ќе се знаат кандидатските листи за претстојните парламентарни избори

НАЈНОВО

онкологија

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

November 6, 2025
Фото: Собрание

Средба на Гаши со претставници на ДИК: Повторувањето на изборната постапка во четирите општини ќе биде поизвесно по одлучувањето на ДИК по поднесените приговори

November 6, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте – Силувавте! Карпош го украдовте!

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk