Владата на Бугарија не се откажува од можноста да ја тужи руската државна компанија Гаспром за прекин на испораката на гас два месеци откако Русија ја нападна Украина во 2022 година.
„Во моментов, бугарската влада подготвува правна анализа за да одлучи дали ќе поднесе арбитражно барање за претрпената штета“, изјави бугарското Министерство за енергетика за Еурактив Бугарија.
Бугарската државна компанија Булгаргаз веќе избра меѓународна адвокатска фирма која ќе ја претставува земјата во комерцијална арбитража во секторите за снабдување со нафта, гас и ЛНГ
„Газпром“ ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска на крајот на април 2022 година, бидејќи двете земји одбија да отворат сметки во рубљи во Банката Гаспром, откако претходно, Гаспром ја врати уплатата на Булгаргаз во долари, иако договорот меѓу двете страни е деноминиран во таа валута.
Неколку недели претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се наложува плаќањето на рускиот гас да се врши во рубли, без оглед на тековните договори.
Бугарското Министерство за енергетика изјави за Еурактив Бугарија дека Булгаргаз смета дека овој спор е главен приоритет за компанијата.
„Целта на правната анализа (на дејствијата на Гаспром) е да се дефинираат различните опции за развој во секое можно сценарио и да се идентификува најдобрата стратегија што треба да се следи за да се заштитат интересите на бугарската компанија“, велат од Булгаргаз.
Во завршна фаза е и подготовката на прелиминарната проценка на штетата предизвикана од акциите на Гаспром против Бугарија.
Во 2023 година, Бугарија зазеде цврст став против руската политика за гас, која долги години ја принудуваше да плаќа некои од највисоките цени за синото гориво, со тоа што одлучи да воведе енергетски давачки за рускиот гас, што ќе му се плаќа на Гаспром покрај вообичаени транзитни такси. Унгарија, Србија и Северна Македонија протестираа против данокот, стравувајќи дека тоа ќе го поскапи рускиот гас.
Во декември, владата се откажа од својата идеја додека се водеа преговори за пристапување на Бугарија во Шенген зоната.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа