Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, во изјава за „Фронтлајн“. зборувајќи за европската интеграција на земјата како геостратешка и перспективна единствена алтернатива вели дека „нема дилема дали има друга подобра алтернатива, бидејќи ние на ниво на општество, на ниво на држава, го определивме членството во Европската Унија како наша стратешка цел“.
– Влегувањето во големи моќни сојузи е единствена опција за мали држави како Македонија, каде не успеавме да изградиме конкурентен човечки капитал, нити производствени или пак индустриски капацитети, ниту имаме значителни ресурси. Од друга страна, сојузот со ЕУ, која е наш најголем трговски партнер, која обезбедува значителна економска поддршка преку претпристапните фондови, која што во перспектива отвора можност за 500 милионски пазар за нашите производи и многу поголема финансиска поддршка, е недвосмислено најдобрата алтернатива од економски аспект, а и секако на некој начин безбедносен аспект во комбинација со инфраструктурата на НАТО. Сепак ЕУ не е совршен систем и членството далеку од тоа дека ќе ги реши нашите внатрешни проблеми, кои на крајот зависат од нас самите, вели Трошановски.
Поврзано:
Државата нема друга алтернатива освен ЕУ, мора самите да се бориме против корупцијата