ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Браната Конско е важен проект од национален интерес

Браната Конско е важен проект од национален интерес, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето вечерашно гостување во Тема на денот на Сител Телевизија.

March 11, 2024 21:26
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Браната Конско е важен проект од национален интерес, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето вечерашно гостување во Тема на денот на Сител Телевизија.

„Браната Конско е целосно завршена. Ова е модерен, најголем, значаен проект за целиот гевгелиски регион, во последниве 50 години, и најголем капитален проект во последниве 20 години во делот на водостопанската инфраструктура. Значаен е токму заради тоа што со новата акумулација на Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хектари на цело Гевгелиско поле “, истакна министерот Николовски.

Нема модерно и конкурентно земјоделство без модерни системи за наводнување на земјоделското земјиште. Брана Конско започна да се гради во 2018 година и денеска целосно е изградена, тестирана во целост и веќе започна да се полни со вода. Министерот Николовски истакна и дека браната Конско е единствениот водостопански објект кој веднаш по завршувањето на браната започнува и со градба на хидросистем за наводнување.

„Наша цел е да имаме компактен систем. Вчера ја заокруживме изградбата на браната Конско и веќе денес го дадодвме налогот на фирмата конуслтат и започнува проектирањето за изградбата на системот за наводнување од браната Конско, но и на проектирањето на уште три други системи Лисиче, Пепелиште и Страиште“, истакна министерот Николовски.

Станува збор за досега најголема инвестиција во водоснабдувањето и по површина и по вредност.

„Преку овој капитален проект наводнуваме нови 13.650 хекатри обработливо земјоделско земјиште, со вкупна вредност на инвестцијата од 120 милиони евра. Градиме модерни системи за наводнување и обезбедуваме сигурно земјоделско производство во општините Велес, Чашка, Неготино, Демир Капија, Дојран, Валандово, Богданци, буквално целиот тој регион ќе биде покриен со модерни системи за наводнување, и со тоа за пет пати ќе ги зголемиме површините под систем на наводнување, а со тоа ќе се зголеми и домашното производство на храна“, истакна министерот Николовски.

Инвестирајќи во овие капитални проекти уште еднаш докажуваме, дека кога се сака може се да се направи. Парите на граѓаните ги вложуваме кон проекти што се во нивен интерес и носат развој.

Next Post

Пендаровски: Не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk