Рекорден туристички Прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија, објави на Фејсбук поранешниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на Туризмот, Љупло Јаневски.
„Тргнавме од 327,05 милиони $ за 2017 година и застанавме на 598.50 милиони$ во 2023 година со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години! Благодарност и капата доле за сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација! Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво!“, истакнува Јаневски во објавата