ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За долг живот – јадете грав

March 24, 2024 13:02
in LIFESTYLE, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЖИВОТ, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН, РЕГИОН
„Сина зона“ - грчки остров ИкариаФото: Getty images

„Сина зона“ - грчки остров ИкариаФото: Getty images

Во Икарија, Дајан Кочилас, готвачка со грчко-американско потекло нуди патоказ за луѓето кои сакаат да применат аспекти од медитеранската диета на „Сината зона“ во нивните животи.

Како една од петте „Сини зони“ во светот, Икарија, мал грчки остров сместен на источниот дел од Егејското Море, има пониски стапки на хронични болести од повеќето други места, а неговите 8.000 жители се карактеризираат со најдолг животен век во светот. Всушност, една третина од Икаријците живеат повеќе од 90 години. Силните социјални и семејни врски, вежбањето што е интегрирано во секојдневниот живот и честото дремење се дел од причините зошто на овој остров има толку многу стогодишници.

Уште еден многу значаен фактор е јадењето.

Икарската диета вклучува здрави масти, многу растителни влакна и храна богата со хранливи материи. Тука спаѓаат јаткасти плодови, житарки, компири, мешунки, зеленчук и семиња, а маслиновото масло е главен извор на додадени масти. Јогуртот и сирењето, рибата, живината и црвеното вино се консумираат умерено, додека црвеното месо е ограничено на само неколку пати месечно. Исхраната на овој начин ги намалува факторите на ризик за здравствени состојби како што се срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес, висок холестерол, дебелина и висок крвен притисок.

Во нејзината книга „Икарски начин“, грчко-американската готвачка Дајан Кочилас нуди „патоказ“ за луѓето кои сакаат да вклучат аспекти на медитеранската исхрана. Книгата се фокусира на две прашања: како да бидеш добар кон своето тело „без да бидеш злобен кон твојот ум“ и како да готвиш „во духот на опуштен, лековит остров каде темпото на животот е бавно и лесно и каде луѓето се поврзуваат преку храна“.

Christopher Bierlein Diane Kochilas offers a roadmap for people who want to incorporate aspects of Ikaria's "Blue Zone" diet into their lives (Credit: Christopher Bierlein)

„Мислам дека една од работите што секогаш ме изненадува е само нивото на стрес што луѓето го прифаќаат“, вели таа.

Покрај тоа што е автор на неколку други книги за готвење и водителка на шоуто за готвење, Кочилас води училиште за готвење на Икарија, од каде што потекнува нејзиното семејство и каде што живее половина од годината.

Вегетаријанската храна која се наоѓа на Икарија не е само здрава и заситувачка, туку е и практична. Како прво, на островот, како и во другите делови на Грција, некои луѓе сè уште го следат календарот на пости на Грчката православна црква и затоа не јадат месо во одредени периоди од годината. Состојките кои се наоѓаат во книгата на Кочилас вклучуваат состојки како што се јогурт, сушено овошје, мед, морска сол, маслиново масло, јаткасти плодови, свежи билки, житарки, лук и различни мешунки.

Гравот е протагонист во јадењата на Кочилас, бидејќи според неа, „консумацијата на грав помага за здравјето на срцето затоа што го намалува холестеролот и е богат со растворливи влакна, кои се прикачуваат на честичките холестерол и ги исфрлаат од телото“.

Vasilis Stenos White Bean Stew with Eggplant, Tomato & Feta (Credit: Vasilis Stenos)

Нејзината фраза„јади грав и живеј подолго“ стана мантра за поборниците за јадење на начинот на кој луѓето во сината зона, фраза првично измислена од колегата и експерт за долговечност на National Geographic, Ден Бутнер, кој тврди дека „јадење една чинија грав секој ден може да го продолжи животот на човекот за четири години“.

Кочилас, исто така, нуди многу рецепти за грав во книгата – бидејќи може да се користи во супи, салати или главни јадења – и луѓето можат „да најдат добар грав насекаде“, вели таа.

За нејзиниот рецепт за чорба од бел грав со модар патлиџан, домат и фета, Кочилас пишува дека „ова едноставно јадење е еден од многуте начини на кои ги комбинираме гравот и мешунките со зеленчук во грчката кујна“.

Гравот е една од најздравите намирници од растителна основа во светот и основна состојка во диетата за долговечност на Икарија.

Извор: Би-Би-Си

М. Пешевска

Tags: гравздрав животИкарија
Next Post

ДИК ги усвои предлог-програмите за едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk