„Стрежево“ е првото претпријатие формирано од Владата кое изградило фотоволтаична централа чие производство на струја ќе го продава на слободниот пазар, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при денешната посета на ова јавно претпријатие.
Битиќи, како што соопшти владината прес-служба за време на посетата на ЈП „Стрежево“ непосредно се запознал со неговото работење и направил кратка обиколка на новата фотоволтаична централа која неодамна е пуштена во употреба.
Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување.