Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи смета дека вмешаноста на премиерот на Косово, Албин Курти во изборите во Северна Македонија ќе го загрози Косово.
Според него, ова поддршка за одредени политички партии во Северна Македонија, во иднина може дури и да ги загрози самиот Курти и неговата партија.
– Го загрозува Косово со оваа политичка семантика што ја прави дека може да поддржи одредена политичка сила. Во иднина ќе се ризикува самиот, а уште повеќе Самоопределување. Тоа политичко делување во нејаснотијата секогаш те води да се лизнеш во зрното на трнот. На пример, едно прашање останува неодговорено, како „Самоопределување“ може да се сретне со македонската владина партија СДСМ среде Приштина и да создаде многу позитивни односи, а не да се сретне со албанската партија која е апсолутно мнозинство во албанскаиот политички блок, барем со бројките што беа до сега, изјави Тачи во дебанта емисија на косовската „Tëvë1“.
Тачи истакна дека вклученоста на косовските државни институции во изборите во Северна Македонија е опасна и негативна за земјата и нејзините граѓани.
– Ова не го кажувам саркастично. Ние како народ имаме право, ова е демократија, некој со некого сочувствува, но импликацијата на државните институции на изборите на друга држава е негативна за таа земја и за тие граѓани, додаде Тачи.
Д. Ј.