„Ова сме го слушале, преговарање. Целта на ВМРО ДПМНЕ што е? Тие да се вратат пак да си преговараат со Бугарија, исто како што 11 години си преговараа со Грција. Ние сега преговараме со ЕУ. Главните разговори со француското претседателство беа и тоа посебно во месецот јуни, Северна Македонија да ја одржи на 19 јули првата меѓувладина, да ги отвори преговорите со билатерален скрининг, втората меѓувладина да биде одржана без никвко закажување откако ќе биде спроведена обврската во делот на вклучување на други делови од народи во нашиот устав каде веќе има други делови од народи, вклучително и бугарскиот народ и да почне отворањето на поглавјата со нормално чист, наведен македонски јазик во преговарачката рамка. Тоа го добивме,“ рече претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на дуелот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 Телевизија.
Ковачевски посочи дека обврска на секој пратеник, обврска на секој кој ги претставува граѓаните е да им обезбеди европска иднина.
„Во Собранието мнозинството пратеници донесоа заклучоци со кои што ја одобрија преговарачката рамка и ја задолжија и оваа влада, односно мојата влада, и оваа која што е сега и било која идна влада при преговорите со ЕУ да се држи до заклучоците во она што го донесе Собранието, а во согласност со преговарачката рамка. И јас ви кажувам, еден ден кој што ќе биде многу скоро Северна Македонија ќе ги донесе уставните измени, Северна Македонија ќе ги отвори кластерите и Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Се друго е неодлучност и бегање од одговорност,“порача Ковачевски.
За минатото зборуваат историчарите, за иднината одлучуваат политичари со визија
ВМРО – ДПМНЕ потврдува дека единствено можеме да слушаме лекции од минатото, јас сум овде да зборувам за иднината, затоа што кога зборуваме за избор меѓу надеж и безнадежност, меѓу евроспката иднина и изолација зборуваме за визија и за иднина“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
„Значи јас кажав и во Брисел и тука, дека ова не е процес на еден човек, на една партија и Влада. Ова е обврска на сите политички актери во државата да обезбдат европска иднина на Македонија. Ние добивме преговарачката рамка кога никој не очекуваше, сите да ги прашате, не очекуваа со чист македонски јазик преговарачка рамка. Што се случи во јули 2022, протести кој ги организираше Мицкоски заедно со други опозициски партии за кои сега мора да кажува дека не се познава, каде што велеа ќе сме го изгубиле јазикот, идентитетот. И после 2 години што имаме? Имаме македонски јазик во ЕУ, имаме чист македонски идентитет бидејќи јас, вие господине Мицкоски сме Македонци тоа никој не го оспорува и имаме македонска кулутра која е застапена во сите главни градови на ЕУ. Тоа е лидерство и носење на одлуки“ кажа Ковачевски.
Тој истакна дека уставните измени претставуваат обврска на Македонија во поглед на отворање на кластерите во преговорите со ЕУ.