ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски од Прилеп: Бугарската политика направи катастрофална грешка, а нашиве „патриоти“ се солидаризираа и ги поддржаа

April 5, 2024 08:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Бугарската политика направи катастрофална грешка со Македонците и кон Македонија. За жал, нашиве „патриоти“, за да се дограбат до власта, се солидаризираа и ги поддржаа напорите на Бугарија“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Прилеп.

Тој додаде дека мора да направиме се, по извборите, со новиот Парламент и новата влада се деблокира процесот на евроинтеграција, бидејќи сами нема да можеме да ја спречиме белата чума.

„Децата ќе може да останат тука, да просперираат, ако има услови за пристоен и достоинствен живот. Во овој момент, имаме направено голем исчекор од пред 5-10 години и во економијата, но со 650 евра просечна плата, објективно, можностите се лимитирани“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека со пристап до европските фондови ќе се дуплира стандардот на секој македонски граѓанин, а тоа го кажуваат примерите на сите држави кои станале членки.

„Словенија во овој момент е една од две-трите држави која нема иселување, немаат потреба. Затоа што им е убаво со приходите, со инфраструктурата, со селата кои се поубави за живеење и од градовите. Ние можеме да сме како Словенија, но ни треба слога околу битните работи меѓу власта и опозицијата“ рече Пендаровски.

Убеден сум, рече Пендаровски, дека со слога и правилен избор во следните 4-5 години ќе станеме членка на ЕУ.

„Убеден сум дека ако имаме минимум слога меѓу нас, зборувам и за опозицијата, во следните четири-пет години ќе станеме членка на ЕУ и ќе ги заокружиме сите стратешки цели за кои сонувале генерации Македонци и граѓани на Македонија“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Прилеп.

Тој додаде дека не е сигурен дека има добар соработник и соговорник од другата страна, мислејќи на опозицијата.

„Најголема мака ни е иселувањето. Болката ни е таа, децата и внуците одат надвор, бидејќи тука немаат шанса. Нема граѓанин кој не ме прашал како да го намалиме иселувањето. Најдобро е ако тоа го правиме здружени со другите побогати и поуспешни во Европа. Ако Македонија не стане членка на ЕУ, сами, со овие сили и капацитети и потенцијал, нема да можеме да го спречиме“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека затоа е императивно, на досоинствен начин, како што направивме со НАТО, да влеземе и во ЕУ.

„Јазикот ни е гарантиран, идентитетот исто. Оваа структура по 17 години ги започна преговорите и ја отвори првата конференција со ЕУ. За жал, затоа што нашиве квазипатриоти имаа поинкави планови, од различни мотиви се усојузија со Бугарите“ рече Пендаровски.

Tags: ПендаровскиПрилеп
Next Post

Партиите ги спрегнаа караваните, ветувања од претседателските кандидати на стартот на кампањата

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk