ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Средба Спасовски – Шуц: Силна поддршка од Германија за европските перспективи на земјава

На средбата соговорниците констатирале дека политиките на дијалог што ги применува Владата се придобивка кон развојот на добрососедските односи и стабилноста во целиот регион, како и дека отстапките од овие позитивни процеси не носат ништо добро ниту за земјата, ниту за регионот.

March 9, 2020 12:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија целосно го поддржува членството на Република Северна Македонија во ЕУ и во тие рамки и скорешното отворање преговори со нашата држава, соопшти директорката за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи, Сузане Шуц на средбата со претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата е констатирано дека земјава се наоѓа во значаен период кога го очекува заокружувањето на членството во НАТО, дека се реализирани значајните реформски процеси и дека поради тоа постои свесност кај европските држави дека позитивната одлука за почеток на преговорите е заслужена.

Спасовски при тоа изразил благодарност за големата, пријателска и принципиелна поддршка од Германија кон Северна Македонија и граѓаните на нашата држава.

– Се зафативме уште помотивирано за реформите значајни за граѓаните и за европските перспективи, за да ги покажеме нашите сериозни определби кон европските интеграции. Во тој дух, низ дијалог го донесовме и Законот за јавното обвинителство. Ги развиваме добрососедските односи и работиме преку почитување на Уставот, на имплементацијата на договорите со Грција и со Бугарија. Ги исполнивме очекувањата, донесовме важни, историски, храбри одлуки и со право очекуваме дека ова ќе биде вреднувано од нашите пријатели, земјите членки на ЕУ, изјавил премиерот Спасовски.

На средбата соговорниците констатирале дека политиките на дијалог што ги применува Владата се придобивка кон развојот на добрососедските односи и стабилноста во целиот регион, како и дека отстапките од овие позитивни процеси не носат ништо добро ниту за земјата, ниту за регионот.

– На состанокот се посочени придобивките од Берлинскиот процес, со којшто годинава претседаваат нашата држава и Република Бугарија. Во пресрет на утрешниот Форум во Скопје на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, што се организира во рамки на Берлинскиот процес, оценето е дека заедничкото претседателство на Северна Македонија и на Бугарија е значајно признание за придонесот на двете држави во напредокот и во регионалната соработка, како и дека самиот процес е од значителна важност за таа соработка на патот кон ЕУ, се истакнува во соопштението

Next Post

Доброволци се заразуваат со корона вирус за побрзо да се најде вакцина

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk