Новак Ѓоковиќ не му дозволи на Лоренцо Музети да го победи двапати по ред, од година во година во Монте Карло.
Српскиот тенисер во осминафиналето го совлада Италијанецот со резултат 7:5, 6:3.
„Задоволството е во мачењето, затоа ја играме оваа игра. Не сум на највисоко ниво. Денеска беше голем тест, против одличен тенисер, кој игра одлично на земјена подлога, загубив лани. Кога сервирав во вториот сет, го имав тоа во мојата глава, дека веројатно нема да се случи исто како минатата сезона“, рече Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ беше слободен во првото коло, а во осминафиналето стигна благодарение на убедливиот триумф над Роман Сафијулин 6:1, 6:2.