ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Франција ќе биде еден од ко-спонзорите на Резолуцијата за Сребреница

April 12, 2024 15:53
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Меморијалниот центар во Сребреница потврди дека Република Франција ќе биде еден од ко-спонзорите на Резолуцијата за Сребреница.

Меморијалниот центар во текст им се заблагодари на претседателот Емануел Макрон, на мисијата на Франција во Обединетите нации и на пријателскиот народ на Франција, јавува Радио Слободна Европа на српски јазик.

Од Сребреница споделија и видео од обраќањето на претседателот Макрон од пред неколку години по повод годишнината од геноцидот.

„Франција се сеќава и секогаш ќе го памети страдањето што го доживеа вашата земја пред 25 години, во најтемните моменти што ги виде Европа од крајот на Втората светска војна. На 11 јули 1995 година и во деновите што следеа, овде, во Сребреница , во Босна и Херцеговина се случи една од најлошите трагедии во модерната историја. Франција не заборави повеќе од 8.000 жртви, возрасни и деца, кои беа убиени“, рече Макрон во таа прилика, соопшти прес-службата на Меморијалниот центар во Сребреница.

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска (РС) Милорад Додик на 11 април рече дека РС ќе „донесе одлуки“ против најавената Резолуција за геноцидот во Сребреница во ОН.

Додик, по средбата на политичките претставници на РС со раководството на Србија во Белград, изјави дека „ќе се обиде да го убеди претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ги поддржи“ тие одлуки.

Како што рече Додик, доколку Резолуцијата биде усвоена во ОН, „Република Српска ќе го напушти одлучувањето во Босна и Херцеговина“.

Тој го повтори ставот на властите на РС, кои, и покрај меѓународните пресуди, негираат дека во 1995 година во Сребреница бил извршен геноцид врз Бошњаците.

Што пишува во нацрт-резолуцијата за геноцидот во Сребреница?

Нацрт-резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница ќе биде претставена на 17 април на затворен состанок во ОН, објави Гласот на Америка.

Земјите членки на ОН би можеле да го кажат своето мислење за конечната резолуција, на која се уште се работи, на седницата на Генералното собрание на ОН на почетокот на мај.

Во нацрт-резолуцијата до која Радио Слободна Европа имаше пристап, меѓу другото, се бара без резерва да се осуди секое негирање на геноцидот во Сребреница и да се охрабрат членките на ОН да ги зачуваат утврдените факти и да развијат соодветни програми преку нивните образовните системи, со цел да се спречат ревизионизмот и геноцидот во иднина.

Иницијатори на резолуцијата се Германија и Руанда, но како што пренесува Гласот на Америка повикувајќи се на неофицијални извори, САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Чиле, Финска, Јордан, Нов Зеланд, Турција и други земји ќе учествуваат во создавањето на текстот.

Пресудите на меѓународните судови и судови во Босна и Херцеговина утврдија дека е извршен геноцид врз околу 8.000 бошњачки цивили во јули 1995 година, кога војската на Република Српска ја окупираше Сребреница.

Досега повеќе од 50 лица се осудени на повеќе од 700 години затвор за геноцид и злосторства во Сребреница.

Радован Караџиќ, првиот претседател на Босна и Херцеговина. на ентитетот Република Српска, беше законски осуден во Хаг на доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница, како и за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната во другите делови на Босна и Херцеговина.

Поради геноцидот, во истиот суд на доживотен затвор е осуден и врховниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ.

Покрај нив беа осудени и  Љубиша Беара, поранешен началник за безбедност на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, Здравко Толимир, поранешен помошник командант за разузнавачки и безбедносни работи на Главниот штаб на Армијата на Република Српска и Вујадин Поповиќ , началник на обезбедувањето на Дринскиот корпус на Армијата на Република Српска.

Д. Т. / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk