– Никој не сака отворено да каже дека македонскиот јазик и прашањето за јазикот ќе се разговара како претпоследно поглавје што мора да го затвориме како држава апликант за полноправно членство во ЕУ. Тогаш многу е битно да стои македонски јазик, со што бугарската страна согласно ваквата декларација никогаш нема да го прифати, рече претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, синоќа во Топ Тема на Телма телевизија
Димитриевски посочи дека „ЗНАМ“ како политички субјект и по претседателските и по парламентарните избори ќе понудат документ што ќе ги дефинира сите национални прашања првенствено на македонскиот народ, бидејќи, како што нагласи, македонскиот народ е оној што ја создал оваа независна Македонија. Димитриевски не е за враќање на воениот рок, но предлага воведување на предвојничка обука.
Н. А. / Цивил Медиа