Германскиот парламент усвои закон со кој на граѓаните и жителите им се олеснува законски да го променат полот.
Во рамки на истиот закон се воведуваат и големи казни, во конкретни околности во случај наоткривање на нечие претходно регистрирано име или пол без согласност.
Претходно, за промена на регистрираниот пол беше потребна лекарска потврда и одобрение од семеен суд.
Сега лицата постари од 18 години можат да се променат пол во машки, женски, или опција за трет пол што веќе постои според германскиот закон.
Три месеци по барањето за таква промена, апликантите ќе мора лично да се појават во матичната служба.
Намерното и штетно откривање на нечие претходно име или правен пол може да резултира со парична казна до 10.000 евра.
Сепак, постојат исклучоци, на пример во случај на законско барање поради судски постапки или полициски истраги.
На лицата од 14-18-години возраст ќе им треба согласност од родителите или законските старатели, додека на под оние14-годишна возраст ќе треба нивните родители или законски старатели за да дадат изјава.
„Ние покажуваме почит кон транс, интерсексуалните и небинарните луѓе – без да им одземаме ништо на другите. Така продолжуваме да ја поттикнуваме модернизацијата на нашата земја. Ова вклучува препознавање на реалноста на животот и нивно овозможување преку закон“, рече Канцеларот Олаф Шолц.
Конзервативците и екстремно десничарската АфД беа меѓу оние што се изјаснија против плановите со предупредување дека законодавството може да се злоупотреби.
Извор: Би-Би-Си
М. Пешевска