„Ветивме правна држава, меѓутоа за жал, застанавме на половина пат, затоа што мислевме дека е доволно да го оставиме правосудниот сектор самиот да решава. Но, таму има луѓе, дел судии, дел обвинители, кои од коруптивни причини или за да напредуваат во кариера, судеа, не по право и правда, туку како што им диктираа некои центри на политичка и економска моќ“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Велес.
Тој додаде дека затоа некои луѓе кои требаше да се соочат со правда, не се соочија и некои на кои требаше да им биде одземен имотот, не им беше одземен до крај.
„Затоа предлагаме сеопфатен ветинг или проверка на имотната состојба на судии, обвинители, но прво на нас политичарите. И не само пет години наназад, како што кажуваат квазипатриотите, туку да видиме 30 години наназад кој крадел од овој народ“ рече Пендаровски.
Претседателот додаде дека треба да се проверат сите, кој местел тендери и се богател на штета на граѓаните.