ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Апелирам до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се крева реториката на меѓунационална основа

April 22, 2024 19:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Кандидатот за претседател на државата поддржан од СДСМ Стево Пендаровски на предизборен собир попладнево во Демир Хисар ги повика лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат од засилување на реториката на меѓунационална основа. Порача дека на државава не и е потребна реториката од вчерашниот митинг на ДУИ и одговорот на главната опозициска партија.

-Апелирам до двете страни, немојте два дена, три дена, пет дена пред изборите да ја кревате реториката на меѓунационалната тема, затоа што таа е многу чувствителна, многу експлозивна. Знаете дека имавме конлфикт во 2001, одвај се вративме, одвај се опоравивме и, во принцип, не сакам која било политичка партија на темата на национализмот да добива изборен поен. Затоа што – што ќе правиме кога ќе завршат изборите?, рече Пендаровски.

Според него, станува збор за луѓе кои се искусни, „кои не се вчерашни“, но сепак, рече, апелира на разум и на враќање на она што е најбитно за Македонија.

-Најбитно е економија и социјална политика и борбата против корупцијата. Мораме да го кренеме стандардот на граѓаните и немојте да ги креваме тензиите со муабети кој е поголем патриот од кого, истакна Пендаровски.

Повика темата за тоа кој бил победник во конфликтот во 2001 година „конечно да се остави на страна“  затоа што, како што рече, „во таа 2001 година немаше победник, сите бевме губитници, а Македонија најголем“.

По средбата со граѓаните во Демир Хисар, на последниот ден на изборната кампања Пендаровски вечерва ќе го посети и Ресен и ќе се обрати на централен митинг во Битола.

Tags: Избори 2024Стево Пендаровски
Next Post

Пендаровски: Првиот круг од гласањето на 24 април ќе го најави победникот на 8 мај

НАЈНОВО

Гертманците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk