За разлика од претходните претседателски избори, кога политичките партии на Албанците во вториот круг од изборите ги повикува членовите, симпатизерите и партиските милитанти, но и сите Албанци, да гласаат за еден од двајцата кандидати на партиите на Македонците кои се натпреваруваа во вториот круг на изборите, овојпат решиле да не прават такво нешто, но како што велат, „народот сам ќе одлучи за кој кандидат ќе гласа во вториот круг од претседателските избори“.
Лидерите на партиите на Европскиот фронт на средбата во четвртокот во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април поминал во мирна, фер и демократска атмосфера, додека Бујар Осман со 40.000 гласови победи над Арбен Таравар – кандидат на албанската опозиција, победа која, според нив, уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори.
– Бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет, Европскиот фронт констатира дека ексклузивно право и волја е на граѓаните како тие ќе го искористи ова право, се вели во соопштението на Европскиот Фронт по состанокот одржан во Струга.
Но, кој од двајцата претседателски кандидати Стево Пендаровски или Гордана Силјановска-Давкова ќе поддржи опозициска коалиција ВЛЕН.
Истата одлука се очекува наскоро да ја соопшти и опозициската коалиција ВЛЕН. Како што дознава Фронтлајн од извори во оваа коалиција – ВЛЕН исто така не планира да го повика својот електорат да гласа за некој од претседателските кандидати кои се во вториот круг.
Од таму велат дека ќе ги повикаат граѓаните да ја поддржат коалицијата ВЛЕН само на парламентарните избори, но оценката за кого да гласаат на претседателските избори ја оставаат на нивна волја.
Дестан Јонузи